Следете нѐ

КОШАРКА

Додека Леброн е на клупа Кузма поставува рекорди, Дончиќ немаше милост за Кокошков

Лејкерс имаат нов лидер во отсуство на Кралот, кој што е повреден и цупка со резервите, додека соиграчите битка бијат да обезбедат плеј-оф за најгламурозната НБА франшиза.

Кајл Кузма постави личен рекорд од 41 поен во победата на тимот од ЛА против Детроит со 113:110, за трет триумф покрај петте порази додека Џејмс се опоравува од повредата.

Словенечкото чудо од дете постигна 30 поени во победата на Далас против Феникс, со 104:94, во соочувањето на Лука Дончиќ и Игор Кокошков, двата клучни фактора за европската титула на Словенија 2017-та година.

Маверикс ја прекинаат низата од 7 порази, против екипата со најлош скор во лигата, Санс.

Резултати на 10-ти јануари 2019 (ESPN)

Адетокумбо постигна 27 поени со 21 скок во победата на Милвоки против Хјустон со 109:116. Харден имаше 42 поена за поразените.

Ентони Дејвис имаше 38 поени со 13 скока во триумфот на Њу Орлеанс против Кливленд со 140:124.

Бредли Бил имаше 34 поени, еден повеќе од Џоел Ембид во победата на Вашингтон против Филаделфија, со 123:106.

фото: NBA.com

преземено од: basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА