Следете нѐ

КОШАРКА

Вориорс распалија, Стеф Кари влезе меѓу најдобрите тројкаши на сите времиња

Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс сезонава не игра на своето препознатливо ниво и не доминира како што тоа го правеше изминатите неколку сезони, но кога игра како што изиграа на последниот натпревар против Чикаго, никој нема никакви шанси против нив.

Вориорс ги изрешетаа Булс со 146:109, постигнувајќи 149 поени само во регуларниот дел од натпреварот, притоа постигнаа 18 тројки од 39 обиди. Најрасположен шутерски беше Клеј Томпсон кој постигна 30 поени, од кои дури 21 поен од ударите за три поени (7/11).

Стеф Кари одигра одличен натпревар постигнувајќи 28 поени, 5 скока и 8 асистенции, а со постигнатите 5 тројки, стана третиот најдобар тројкаш на сите времиња.

Кари до сега во кариерата постигна 2285 тројки, три повеќе од Џејсон Тери кој има 2282. Пред него се легендите Реј Ален кој има постигнато 2973 тројки и Реџи Милер кој има постигнато 2560 тројки, бројки кои што Кари со ова темпо би можел да ги достигне до крајот на блескавата кариера.

За одбележување е победата на Далас над Минесота на гостински терен со 115:119. Нов блесок имаше Лука Дончиќ кој ги предводеше Маверикс до значајна победа на гостувањето со 29 поени, 12 асистенции и 8 скока. Кај домаќините најзабележителен беше Таунс со 30 поени и 11 скока.

преземено од: basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА