Следете нѐ

КОШАРКА

(ВИДЕО) Харден, Кари, Дончиќ… не се знае кој од кој е подобар

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, а тешко е да се каже кој ја одбележа ноѓта во ова натпреварување.

Во морето блескави изданија, најдалеку отиде Џејмс Харден кој постигна 58 поени против Бруклин Нетс иако неговиот Хјустон загуби со 142:145 по продолжение. Освен завидната ефикасност, „брадата“ оствари десет скока и шест асистенции и 18-ти натпревар по ред ја помина границата од 30 поени со што се кзрамни со Елџин Бејлор.

Покрај тоа, Харден стана прв играч по Вилт Чембрлен кој на два натпревара во низа постигнал 55 или повеќе поени. Кон ова треба да се додаде податокот дека Хјустон на овој натпревар упати дури 70 удари за тројка што, исто така, е нов рекорд во НБА лигата.

Рекорд падна во „Оракл арената“ каде Голден Стејт го победи Њу Орлеанс со 147:140, а двете екипи постигнаа вкупно 43 тројки.

Стеф Кари заврши со 41 поен од кои 27 дојдоа од зад линијата 7,24 (9/17). На тој начин ѕвездата на Вориорс стана прв играч во историјата на НБА кој на три натпревари по ред постигнал осум или повеќе тројки.

Се истакна и Ентони Дејвис со 30 поени, 18 скока и седум асистенции, но неговиот тим не успеа да направи изненадување кај актуелниот шампион.

Спектакуларно издание забележа и Лука Дончиќ, но тој повторно не успеа да му донесе побда на Далас. Во дербито на Тексас, Маверикс загубија на домашен терен со 101:105 од Сан Антонио, а Словенецот за малку не постигна трипл-дабл – 25 поени, 8 скока, 8 асистенции.

*преземено од basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА