Следете нѐ

КОШАРКА

(ВИДЕО) Скандал во Лос Анџелес: Грифин го „олади“ газдата на Клиперс

Првпат откако на 29 јануари 2018 година беше трампан во Детроит Пистонс, еден од најатрактивните кошаркари во НБА лигата гостуваше кај својот поранешен тим Лос Анџелес Клиперс.

Навивачите му приредија фантастичен пречек, го поздравија и при претставувањето, но за време на загревањето се случи нешто интересно.

Газдата на Клиперс, Стив Балмер чекаше покрај теренот да се ракува со својот поранешен играч. Дури едно време и тргна кон него, но Грифин го виде и само истрча кон соблекувалната.

Очигледно новата ѕвезда на Детроит Пистонс уште не му простил на Балмер што го понижи и без негова желба го испрати во Мичиген.

*преземено од basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА