Следете нѐ

КОШАРКА

(ВИДЕО) Москва освоена по 14 месеци, луда победа на Будуќност

Првпат од ноември 2017 година „вечниот“ руски шампион загуби на домашен терен во рамките на Евролигата.

Лекот за ЦСКА го најде Макаби Тел Авив кој приреди големо изненадување и славеше со 76:93. Последен кој славел во руската престолнина како гостин на најтрофејниот тим од оваа земја е Фенербахче кој на 16 ноември 2017 година победи со 93:95 по продолжение.

Првите знаци на слабост ЦСКА ги покажа во втората четвртина кога Макаби направи +7, но домаќонот потоа резултатски се врати. Во последната четвртина израелскиот тим влезе со предност од само два поена, но во првите четири минути направи 10:2 и создаде двоцифрена разлика.

Кошаркарите на ЦСКА почнаа да брзаат, а во такви услови и многу грешеа, па Макаби успеа мирно да го приведе натпреварот кон крајот.

Јовел Зосман со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, О’Брајант додаде 14, а Тајус 12. Кај ЦСКА, по 16 поени реализираа Де Коло и Клајбурн. Рускиот тим со овој пораз го загуби чекорот со Реал и Фенербахче, но и го доведе во прашање третото место на табелата.

Голема драма се случуваше во Подгорица каде Будуќност ја победи Дарушафака со 75:74 со кош во последните секунди. Стрелец беше Норис Кол од тотално невозможна позиција.

Едвин Џексон со 18 поени беше најефикасен во домашната екипа, а Кол заврши со 17. Во турскиот тим, Тони Даглас постигна 14 поени.

*преземено од basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА