Следете нѐ

КОШАРКА

Будуќност го кутна и шампионот, пресврти на Жалгирис и Басконија

Црногорската екипа приреди уште една сензација, совладувајќи го актуелниот Евролига првак со убедливи 73:60. Ова е втор голем скалп на тимот од Подгорица, по победата против ЦСКА Москва.

Првпат сезонава, Будуќност врза две победи во елитното натпреварување. Кларк и Битадзе имаа дабл-дабл учиноци со 12 поени и 12 скока, односно 13 поени, 10 скока и 3 блокади. Љуљ беше најдобар стрелец кај Реал, со 10 поени.

euroleague.net

Жалгирис ја претвори двоцифрената негатива од првото полувреме, со серија 13:0 на стартот на третиот и 10:2 на стартот на четвртиот период, во конечен триумф против Панатинаикос со 82:69, за две победи против грчката екипа сезонава. Двата тима имаат по 8/11.

euroleague.net

Басконија славеше со 80:75 во дуелот со Армани, иако гостите имаа и +14 во првото полувреме, односно водеа до средината на третиот период. Шпанците ги предводеше Венсан Порие со 17 поени, а гостите Мајк Џејмс со 27.

euroleague.net

Анадолу стигна до четвртата редоследна победа на домашен терен, со 82:68 против Дарушафака во Истанбул. Моерман имаше 15 поени за побендикот, Даглас 17 за поразените.

*преземено од basketball.mk

Повеќе од КОШАРКА