Следете нѐ

КОШАРКА

Бо МекКејлеб – МВП на колото во АЦБ лигата

Сарагоса го победи Хувентуд со 46 поени разлика, а поранешниот македонски репрезентативец е прогласен за најдобар играч во десеттиот круг од шпанското првенство.

Постигна 21 поен, 1 скок и 4 асистенции за вкупен индекс 28 и ги засени играчите на Барселона кои го победија Реал Мадрид во првото Ел Класико во сезоната.

На дуелот со Хувентуд, МекКејлеб го собори личниот рекорд во АЦБ лигата кој изнесуваше 19 поени, а го оствари во десеттото коло од сезоната 2016/17 кога беше член Гран Канарија.

Признанието за најкорисен играч во колото во шпанското првенство е доказ дека членот на златната генерација на македонската репрезентација уште не го кажал последниот збор во кариерата.

Повеќе од КОШАРКА