Следете нѐ

АВТО-МОТО

Француската легенда славеше на најпрестижната трка

Деветкратниот WRC шампион, Себастијан Лоеб победи на втората етапа на Дакар 2019, релито што се вози низ перуанските пустини, од Писко до Маркона.

Матијас Валкнер победи кај моторциклите, Франциско Лопез кај оф-роуд возилата. Николас Кавиљасо повторно беше најбрз кај квадовите.

Тимот возачи предводен од Едвард Николаев повторно беше број 1 кај камионите.

Ова е прво рели во историјата на Дакар, што се вози само во една земја, Перу.

Повеќе од АВТО-МОТО