Следете нѐ

АВТО-МОТО

ФЕТЕЛ: Федерер е совршенството во спортот

Германскиот Ф1 ас и четирикратен шампион од времето кога возеше за Ред Бул, изјави дека за него, симбол на естетиката во спортот е швајцарскиот тенисер.

Роџер Федерер е рекордер според освоените Грен слем титули (20), според времето поминато на АТП позицијата број 1, како и во други категории.

„Имав прилика да го сретнам само еднаш, се ракувавме, не разговаравме одделно. Тој е примерок за сите времиња. Постојат правила што важат за сите нас, но Роџер Федерер е исклучок.“ – вели возачот на Ферари.

Себастијан Фетел, годината ја заврши на втората позиција зад Луис Хамилтон, а следната сезона во Формула 1 почнува на 17-ти март во Мелбурн, за ГН на Австралија.

насловна фотографија: espn.co.uk

фотографија во текст: F1GrandPrix

Повеќе од АВТО-МОТО