Следете нѐ

АВТО-МОТО

Тојота и Камаз најбрзи на воведната делница

Двократниот победник Насер Ал-Атија славеше на првата етапа од Дакар 2019, релито кое што во целост ќе се вози во Перу, од 7-ми до 16-ти јануари.

Бареда победи кај моторциклите, Кавиљасо во конкуренција на квад возилата, во оф-роуд верзијата најбрз беше Варела, а кај камионите Николаев помина прв, низ целта на патеката од Лима до Писко.

Ова е 11-та сезона на славното натпреварување вон оригиналната рута, односно низ државите во Јужна Америка, поради немирите во Африка.

Актуелен шампион кај автомобилите е шпанскиот натпреварувач Карлос Саинц со Пежо, австрискиот Матијас Валкнер со КТМ е лауреатот кај мотоциклите, а руските Николаев-Јаковлев-Рибјаков со Камаз се број 1 кај камионите.

Повеќе од АВТО-МОТО