Следете нѐ

АВТО-МОТО

ТЕШКИ ВРЕМИЊА НА БАЛКАНОТ: Убиен претседателот на Црвена Звезда!

Претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда, Мирко Бутулија е брутално убиен во својата работна канцеларија, пренесуваат српските медиуми.

Бутулија покрај тоа што беше претседател на РК Црвена Звезда, тој беше и прв човек на Автомото сојузот на Србија (АМСС).

Претседателот на “црвено-белите” бил изрешетан со неколку истрели од пиштол, а убиството го извршил генералниот секретар на АМСС, Предраг Ѓурѓев кој потоа и самиот се самоубил.

Српските медиуми не ги наведуваат причините за ова убиство и самоубиство кои го потресоа нашиот северен сосед.

Бутулија беше претседател на РК Црвена Звезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

На чело на АМСС застана на 22 јули 2014 година, а за време на неговиот мандат, Автомото сојузот доживеа најголем подем.

Ова се случува во исто време кога и во нашата држава се случуваат бројни исчезнувања и убиства на невини граѓани.

Повеќе од АВТО-МОТО