Следете нѐ

АВТО-МОТО

Среќен роденден, Михаел Шумахер!

Денот кога легендарниот Ф1 возач полни 50 години, ќе биде одбележан во музеот на неговата поранешна екипа, со која што освои 5 титули во Формула 1 шампионатот.

Германецот во Ферари стана најдобриот возач на сите времиња, со вкупно 7 освоени пехари (2 со Бенетон) и постави многу рекорди во овој спорт.

  • – рекорден број титули, две со Бенетон 1994 и 1995, пет по ред со Ферари од 2000 до 2004.
  • 91 – победа на Ф1 трките, од 306 старта, рекорд.
  • 68 – пол позиции, рекорд срушен во 2017.
  • 15 – последователни сезони со најмалку една победа, од 1992 до 2006.
  • 8 – победи на Француското ГП, по 7 во Канада и Сан Марино – рекорди.
  • 17 – подиуми на 17 трки во 2002.
  • 43 – години кога го возеше последното Гран При, во Бразил 2012.

Михаел Шумахер се повлече од тркањето во 2012-та, а во декември следната година доживеа несреќа при скијање.

Од тешките повреди, последно што знае јавноста, официјално, е дека тој е свесен, но не може да оди и е во инвалидска количка.

Повеќе од АВТО-МОТО