Следете нѐ

АВТО-МОТО

Најголемиот ривал му посака се најдобро на Шумахер

Во спортот, додека се натпреваруваа, беа најголеми непријатели. Но, само на патеката. Лекција од која што треба да научат сите што се занимаваат со најблагодарната работа што ја смислило човештвото.

Мика Хакинен му посака среќен 50-ти роденден на повредениот Михаел Шумахер, кој што од декември 2013-та се бори за враќање во нормала во животот, по несреќата што ја доживеа на скијање, по која јавноста се уште не знае во каква состојба е легендарниот Ф1 шампион.

„Среќен роденден. Ни недостасуваше на снимањето на документарниот филм за хероите во мотоспортот. Не запирај со битката.“ – порача Хакинен.

Финецот и Германецот беа големи ривали во времето кога настапуваат во Формула 1 шампионатот, а незаборавната трка на Спа и претекнувањето на Хакинен остануваат запишани во книгите на историјата како еден од најспектакуларните настани во овој спорт.

Шумахер освои 7 титули, Хакинен две, нивните успеси не може да се споредат или да се измерат, но нивната меѓусебна почит трае и ден денешен.

Повеќе од АВТО-МОТО