Следете нѐ

АВТО-МОТО

МекЛарен сериозно влегува и во друг спорт

Популарниот бренд кој што произведува луксузни брзи автомобили и кој што е дел од Формула 1 светот, реши со голема инвестиција да се вмеша и во друга гранка.

Според зборовите на претставниците на МекЛарен Груп, која што го има еден од најдобрите Ф1 тимови, целта на овој гигант е да се биде најдобар во професионалниот велосипедизам.

„Велисипедизмот не ни е непозната територија, во минатото сме биле инволвирани на овој или на оној начин. Со нетрпение го очекуваме новиот предизвик.“ – се вели во изјавите.

Британската компанија инвестира во тимот Бахреин Мерида, формиран 2017-та, каде што ќе биде рамноправен партнер со 50% акции.

Влегувањето на МекЛарен во овој спорт, се поклопува со најавите за излегувањето на компанијата Скај (на крајот на 2019-та), која што долги години е во врвот на велосипедизмот.

Повеќе од АВТО-МОТО