Следете нѐ

АВТО-МОТО

МАСА ЈА РУГА Ф1: „Формула Е“ е поинтересна!

Според поранешниот возач во Формула 1, трките во електричната верзија на ова натпреварување се далеку повозбудливи затоа што возачите се поконкурентни едни со други.

Петтата сезона во оваа конкуренција почна во Диријах, Саудиска Арабија на 15-ти декември, а победник на првата трка е португалскиот возач на Андрети-БМВ, Антонио Феликс да Коста.

Маса беше 19-ти во квалификациите, а на првиот настап сезонава беше 14-ти во конкуренција на 22-ца возачи.

„Во Формула Е повеќе возачи може да победат на една трка и повеќе возачи се конкуренти за титулата. Воедно, возилата се многу поблиску едни до други во поглед на конкурентноста.“ – се неговите зборови.

Бразилецот ја напушти Форумла 1 во 2017-та, по 15 сезони поминати во ова натпреварување и потпиша тригодишен договор со Вентури.

„Избрав да настапувам тука затоа што Формула Е ќе ми овозможи да ја продолжам мојата возачка кариера.“ – вели 37 годишниот Маса.

Сезонава ќе се возат 13 трки во 12 града, меѓу кои што се трките во Монако, во Париз, во Рим и двете трки во Њујорк на крајот на сезоната која што завршува на 14-ти јули.

Повеќе од АВТО-МОТО