Следете нѐ

АВТО-МОТО

Аривабене е историја, го менува техничкиот директор

Италијанската екипа реши дека главата треба да ја плати цената за последната посна година во Формула 1, без титула во возачка и тимска конкуренција.

Наследникот на Маурицио Аривабене е Матиа Биното, стои во официјалното соопштение на Скудерија Ферари.

Најуспешната екипа во Ф1 победи на 6 од 21-на трка во 2018-та, но во втората половина од сезоната повторно Мерцедес ја презеде иницијативата и ја демонстрира доминацијата, веќе петта сезона по ред.

Се претпоставува дека Аривабене имал проблеми со врвот, по смртта на претходниот извршен директор Маркиноне, а се шпекулира и за ангажман кај друга Ф1 екипа.

Повеќе од АВТО-МОТО